За утрешниот меч против Ерменија, селекторот Милевски планира да направи промени во составот.
„За натпреварот против Ерменија ќе им дадеме шанса на фудбалерите во составот кои треба да го потврдат потенцијалот во репрезентацијата“, рече Милевски на денешната прес-конференција.
„После исцрпувачкиот меч во Прага ќе видиме колку фудбалерите чувствуваат физички замор. Нема повредени и пред натпреварот ќе одлучиме кој ќе започне“.
„Контролниот меч против Ерменија која е квалитетна селекција и одигра одлични квалификации е одлична можност за сите нас да го провериме потенцијалот со кој располагаме. Шанса ќе добијат сите, но ќе одлучиме за минутажата на фудбалерите. Оваа селекција секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија“.