петок, 26 јули 2024

Милевски: На дуелите со поквалитетни ривали го гледаме нашиот реален квалитет

Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот гостува на Чешка во пријателски натпревар.

Објавено на

часот

Сподели

Селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција ги кажа очекувањата од овој дуел.

„За два-три дена не може многу да се подобри во овој дел од сезоната на физички план. Работевме на другите сегменти. Задоволен сум што сите тука се здрави и подготвени да се стават во функција на тимот. Повеќе околу составот ќе знам после официјалниот тренинг тука. Кога сте член на едно Европско, тоа е доволен догказ за квалитетот. Чешка покажа дека е и тоа како е квалитетна репрезентација составена од играчи кои настапуваат во Премиер лигата, во Бундеслигата во Серија А… Имаат и голем број домашни фудбалери, бидејќи имаат квалитетна лига која им е база на репрезентацијата. Тие се сосема поинаков ривал од Хрватска, меѓутоа со огромен квалитет. Неслучајно тие се на Европско првенство, а ние сме уверени дека како тим можеме да напредуваме од ваквите натпревари со поквалитетни ривали од нас, да ја видиме моменталната форма и да добиеме слика за нашите квалитети и домет во моментот. Некои моменти од дуелот со Хрватска не бев задоволен, особено од вториот дел. Мора да ги минимизираме пропустите, тие аномалии се појавуваат во системот, а тука физичката подготовка е фактор број еден за да бидете конкурентен 90 минути. На нас е да извадиме максимум во овој период, заморот е присутен, но и проблемите на играчите во клубовите. Сето тоа на страна, подготвени сме да дадеме максимум“, изјави Милевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ