сабота, 19 октомври 2024

Милевски: Ќе биде тешко на вештачка трева против Фарски острови

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски вели дека нема да биде лесно да се освојат трите бода од гостувањето кај Фарски острови.

Објавено на

часот

Сподели

Пред Македонија се два меча од новата сезона во Лигата на нации, на 7. септември гостуваме кај Фарски острови, а три дена подоцна ја пречекуваме Ерменија во Скопје.

„Што се однесува до списокот, нема поголеми измени од оние фудбалери кои ги завршија евро-квалификациите кои покажаа и докажаа дека имаат потенцијал да се тука и понатаму. Жал ми е што Велковски е без клуб и нема да биде во комбинација, Дени Илиев исто така нема да биде. Дебитант е Кристијан Трапановски со настапите за Данди Јунајтед заслужи да биде дел од тимот“, вели Милевски.

„Фарски Острови се незгоден противник, агресивен и дисциплиниран ривал. Се игра на вештачка трева и ќе мора да се навикнеме и на тој момент. Мора да сме на максимумот на можностите, сите ставени во функција на тимот, но со респект кон секој ривал. Ако сакаме да бидеме на висината на очекувањата, мора да биде така. Ривалите не се наивни, условите ќе бидат тешки и мора да се потрудиме максимално. Уште по ждрепката кажав дека сме во група составена од тимови кои си ја гледаат својата шанса за пласман понатаму. Оваа Лига на нации е во битка за Светско првенство, не само за групата, а патот до таму е навистина тежок. Не очекуваат противници кои се незгодни, физички супер-спремни, играат дисциплинирано со доста динамика, па ќе мора да го запазиме и тој момент. Се надевам дека сите фудбалери ќе ни бидат здрави. Мирен сум дека пред септемврискиот циклус речиси сите ги минаа подготовките и се максимално спремни, за разлика од јунскиот прозорец кој секогаш ни бил проблематичен“.

„Не ме загрижуваат лошите резултати, свесно ги одбравме ривалите за пријателските натпревари. Како селектор не бркам рејтинг преку Сан Марино и Андора, битно ми е играчите да напредуваат преку квалитетни тестови со силни ривали. Иако ги загубивме двата натпревари против Чешка и Хрватска имаше позитивни, како и негативни работи. Не сум задоволен од натпреварите во јуни, за разлика од тие во март за кои немав што да замерам, освен за реализацијата. Ме води фактот и затоа списокот е каков што е, поради крајот на евро-квалификациите, иако загубивме од Италија на гости, ремизиравме со Англија дома“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ