петок, 18 октомври 2024
Квалификации за ЕП 2024

Милевски: Ќе треба да се надминеме за да ја победиме Украина

Објавено на

часот

Сподели

Милевски не е задоволен од натпреварувачката форма на играчите, но вели дека го радува ентузијазмот и решеноста за добар резултат.

„Ќе го дадеме максимумот, момците што ќе настапат утре и кој ќе настапи ќе зависи од физичката подготовка на секој поединечно. За натпреварувачка форма не можеме да зборуваме, но ќе играат оние кои се приближно до натпреварувачки ритам“, вели Милевски.

„Она што ме радува во овој изминат период, е ентузијазмот и решеноста без разлика на натпреварувачката форма“.

„Украина е извонредно јака репрезентација со извонредни поединци, но функционираат одлично и како тим. Против Германија одиграа одлично, но мислам дека утре нивниот меч ќе биде поразличен. Ние сме подготвени за секакво сценарио. Ги анализиравме и последниот нивни меч, и мечот кој ние го игравме против нив на ЕП. Заклучокот е дека се работи за извонредна репрезентација. Ние треба да бидеме и повисоко од нашето ниво за да имаме успешен натпревари и резултат“.

Слично размислува и капитенот, Стефан Ристовски кој исто така ја фали Украина и вели дека за победа е потребен максимален фокус во текот на целиот натпревар и добра игра во нападот, не само во одбраната.

„Украина е репрезентација која изгледа дека не е фаворит, но е фаворит според фудбалерите кои ги има. Се работи за одлична екипа која игра одличен фудбал и тоа го покажуваат низ изминатиот период. Мечот на ЕП беше поинаков од вчрашниот кој ќе го играме. Таму одигравме две различни полувремиња. Тие се мечеви на кои противниците ретко ти даваат простор на грешки. Украина поседува индивидуални квалитети и тогаш тие тогаш го искористија“, вели Ристовски.

„Сега ако сакаме да ја одржуваме надежта за позитивен исход, мора да победиме. Тој што победува оди напред, тој што губи среќата ќе ја бара следен пат. Потребен ни е префектен меч и физички и тактички. Денеска сите играат фудбал. Денеска ако сакаш да победиш не треба само да се браниш, треба да направиш нешто и во нападот, да имаш и посед. И да си максимално фокусиран во текот на целиот натпревар“.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ