сабота, 19 октомври 2024

Милевски: Горд сум на овие фудбалери, може само да жалиме за пропуштеното

Селекторот Благоја Милевски вели дека е горд на своите фудбалери за тоа што го прикажаа против Украина и покрај тоа што го загубивме мечот, тој очекува брзо да се издигнеме по овој пораз.
 

Објавено на

часот

Сподели

Македонија креираше доволно шанси, но не успеавме да му дадеме гол на голманот Трубин. За разлика од нас, Украинците реализираа две од своите неколку можности и дојдоа до трите бода.

„Честитки за двете репрезентации за она што го покажаа денеска. Мислам дека сите што беа на стадионот уживаа во овој натпреар. И Украина и Македонија покажаа дека знаат да играат одличен фудбал. За жал не победивме, но горд сум на моите момци за она што го покажаа. Поготово по така примен гол мора да се вратиш, а реакцијата на играчите беше одлична. Во второто полувреме направивме некои измени со кои успеавме да бидеме доминантни во поголемиот дел од полувремето. Имавме неколку шанси, но не успеавме да ги искористиме, а кога нема да ги искористите шансите, обично неизбежен е пораз“, вели селекторот Милевски.

„Овој состав реагираше одлично против Италија. Украина и Италија играат сличен фудбал и формациски и според она што го поседуваат како квалитет играчки. Од тој аспект се решив да почнам со истите стартери. Е сега, текот на натпреварот беше таков каков што беше. Потоа решивме да смениме систем во вториот дел, момците реагираа одлично…пак ќе речам, не може да не бидам задоволен од она што го покажаа како тим. Што е тука е, можеме само да жалиме..“.

„Искрено, поука од овој натпревар нема многу што фудбалски да извлечеме, за разлика од првиот. Пак ќе повторам, нема што многу да им замерам на момците. Што се однесува до Англија и Италија, два фаворити во групата, ништо, ќе играме фудбал и со нив, па ќе видиме што ќе биде. А што се однесува до тоа како и дали ќе се вратат момците, јас ќе речам, кога успеаја да се вратат од 7-0 од Манчестер и да покажат карактер, да одиграат така со Италија и со Малта, тогаш ќе успеат да се вратат и сега. Момците покажаа дека играат добар фудбал, дека немаат респект за никого“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ