четврток, 10 октомври 2024

Милевски: Фудбалерите се заслужни за победата, тимот добива физиономија каква што сакам

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски вели дека фудбалерите се заслужни за победата од 0-3 над Летонија, и додава дека тимот добива физиономија каква што тој посакува.

Објавено на

часот

Сподели

По повеќе од една година, Македонија се радува на победа во гости, вечерва „црвено-жолтите“ со 0-3 славеа на гостувањето во Рига.

„Ова е победа на фудбалерите, тие се заслужни“ – вели селекторот Благоја Милевски.

„Задоволен сум од резултатот, од пристапот и од желбата на нашите момци. Не сум задоволен од играта во одредени моменти, но најважен е резултатот, сите аномалии ќе ги решаваме во чекор. Имавме картони, повреди и вируси, но се справивме со се и победивме“.

„Овој тим почнавме да го градиме после поразот од 7-0 во Манчестер и полека добиваме слика и физиономија каква што сакам“.

Предводникот на Македонија потоа упати многу пофални зборови за Елиф Елмас, кој по подолго време се запиша во листата на стрелци.

„Елмас заслужува поголема почит од сите нас. Без разлика каква била ситуацијата во клубот или било какви други проблеми, никогаш не кажал НЕ за Македонија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ