недела, 20 октомври 2024
Српските медиуми тврдат

Милевски е минато, „Гроф“ ќе биде нов селектор на Македонија?!

Објавено на

часот

Сподели

Веќе некое време се зборува дека Благоја Милевски веќе не е селектор на Македонија, но ФФМ се уште официјално не му врачила отказ.

Последните најави дека со Милевски нема да играме против Италија доаѓаат од Србија.

Србите тврдат дека поранешниот тренер на Црвена звезда, Миодраг Божовиќ Гроф е избран за нов селектор на Македонија, а тоа во наредните денови треба да стане и официјално.

Македонија од првите три квалификациски меча има само три бода кои беа добиени од победа од 2-1 над Малта. Загубивме дома од Украина со 3-2 иако водевме со 2-0 на полувремето, и го доживеавме најтешкиот пораз во нашата историја откако бевме поразени од Англија со 7-0 во Манчестер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ