недела, 27 октомври 2024

Милевски: Целта ни е јасна, првото место

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски е задоволен од ждрепката за новата сезона во Лигата на нации и вели дека целиме не првото место во групата.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија се падна во групата Ц4 заедно со селекциите на Ерменија, Фарски острови и Летонија.

„Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овој пат тоа не е случај. Во денешниот фудбал нема фаворити. Посакувам само да бидеме здрави”, вели Милевски по ждепката.

„Имаме минати дуели со сите селекции во групата, јасно е дека имаме и позитивни и лоши искуства со овие противници. Мораме да бидеме целосно фокусирани. Да имаме прав пристап против секој противник. Ерменија ја победивме на последниот меч на гости со 5:0, но да не заборавиме дека таму имаме и пораз од 4:0. Фарски Острови и Летонија влегуваат со свои пресметки и очекувања”.

„Секој противник носи различен пристап, но не бегаме од одговорноста и целта за нас е прво место во групата”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ