сабота, 27 јули 2024

Миленковски: Имаме квалитет да бидеме конкурентни во Златната лига

Објавено на

часот

Сподели

Селекторот Јошко Миленковски смета дека Белгија ни е шанса за победа.

„Македонија првпат игра во Златната лига, но мислам дека не е преголем залак и дека имаме квалитет да бидеме конкурентни, без разлика што Украина е седма европска сила, Белгија беше четврта на светот пред две првенства, а Хрватска редовен учесник, а сега и домаќин на ЕП. Сите се во подготвителен период пред ЕП и гледаат на мечевите гледаат како како на тренинг, но нам оваа Европска лига ни значи и резултатски. Првиот натпревар ни беше против Украина, која е најсилната не само во нашата група. Ме радуваат првите два сета во кои покажавме добра игра и во кои имаше резултатска неизвесност, што ни дава за право да кажеме дека сме на добар пат. Натпреварот со Белгија утре е важен токму од тој аспект, бидејќи не е силна како Украина поради што е наша шанса да направиме нешто повеќе. Секако, главна цел ни останува во што подобра форма да го дочекаме ЕП на домашен терен“, изјави Миленковски.

Пред мечот на машката репрентација, ќе играа и одбојкарките на Македонија, тие исто така во „Борис Трајковски“ од 17:30 часот ја пречекуваат Летонија во Европската сребрена лига.

„Мотивирани сме, посакуваме да ја имаме поддршката и веруваме дека ќе успееме да ги поправиме грешките од првиот натпревар. Играме против силни репрезентации во оваа група во сребрената лига и ова е одлична можност за да видиме до каде сме, но и секако да се бориме за подобрување на резултатите на македонската женска репрезентација. Реалноста е дека имаше долго отсуство на оваа репрезентација и се надеваме дека ќе оствариме успеси во иднина“, изјави капитенот на женската репрезентација на Македонија, Ема Попјордановска.

Мажите во првиот меч од Златната лига загубија на гостувањето кај Украина (0-3), а со истиот резултат девојките беа поразени на домашен терен од Австрија.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ