сабота, 11 јануари 2025

Миленко ја затвори вратата од тренинг центарот за здружението на навивачи на Вардар

„Здружението 35 години Вардарци“ кое има удел во клубот Вардар и го води маркетингот, денеска беше спречено да влезе во тренинг центарот на тимот во Хиподром.

Објавено на

часот

Сподели

Веќе подолго трае нетрпеливоста меѓу извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски и „Здружението 35 години Вардарци“ кое ја застапува навивачката група Комити.

Според договорот меѓу двете страни, токму здружението ги води социјалните медиуми на клубот, но денеска за нив вратата била затворена.

„Денес од страна на извршниот директор Миленко Неделковски, беше денесена одлука со која се забранува влез на официјалните лица на Маркетинг тимот на клубот, спротивно на договорот потпишан помеѓу ,,здружението 35 години Вардарци” и сопственикот Атила Бижен Жалили.
Поради тоа, во моментот се случува блокада на тренинг кампот, а целта на собраните е целосно почитување на одлуките произлезени од договорот, од страна на извршниот директор Миленко Неделковски“, велат од ,,Здружението 35 години Вардарци”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ