петок, 18 октомври 2024

Миланското дерби за Интер

Објавено на

часот

Сподели

Милито ја искористи грешката на Абате за погодокот

Уште еднаш се покажа дека на градско дерби не се победува само со добра форма, туку со моментална инспирација. Диего Милито со еден потег го реши дуелот во 54. минута со погодокот што му оди на душа на дефанзивецот Абате, па Аргентинецот со погодокот ги одведе „нераѕурите“ на само три бода заостаток зад третопласираниот Удинезе.

Милан беше фаворит за победа, поради лошата форма на градскиот ривал, а имаше и многу шанси откако тимот на Клаудио Раниери реши безрезервно да се брани. Но миланезите не успеаја да го најдат патот до мрежата и поради тоа го претрпеа третиот пораз сезонава.

Јувентус, кој киксна попладнево со Каљари играјќи 1-1, остана лидер на табелата во Калчото. Утре Горан Пандев со Наполи ќе го затвори 18. коло во Италија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ