Тој се осврна на противкандидатот Драган Приморац, кој е поддржан од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и уште еднаш му префрли за живеењето во Соединетите Американски Држави, но и за пријателството со Израелците.
„Неговиот дом е Америка. Го советуваат платеници на (српскиот претседател Александар) Вучиќ од Израел. Го промовираат бриселски лобисти. Му помагаат лажливи британски квазианалитичари и мафијаши на модерната доба кои ја загрозуваат безбедноста на хрватските луѓе. За големи пари, прават сè за послушникот на Пленковиќ да стане претседател на Хрватска“, порача Милановиќ.
„Но, хрватските луѓе го гледаат тоа и го разбираат. И знаат дека Хрватска ни е битна само нам. На изборите во недела хрватските луѓе ќе покажат дека се единствено и само – на Татковината верни!“, додаде Милановиќ.