среда, 23 октомври 2024

Милановиќ: Србија не води хибридна војна, туку некаква турлитава од политика

Србија не води хибридна војна туку некаква турлитава од политика, бидејќи не може да се одлучи дали ќе биде проевропска или проруска, кажа денес хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, коментирајќи ја можноста Хрватска да ја стави таа тема на дневниот ред на следниот самит на НАТО.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за одбрана Иван Анушиќ кажа вчера дека Хрватска сака да зборува за хибридната војна и дејствувањето на руските сојузници во југоисточна Европа на следниот самит на НАТО во јули во Вашингтон, јасно алудирајќи на Србија како сојузничка на Русија.

„Тоа е во мојата ингеренција, да не се навреди некој. Јас треба да одам на тој самит“, кажа Милановиќ.

„Србија самата не знае што сака. Тоа не е никаква хибридна војна, тоа е некаква чорба, турлитава од политика. Доста години водат политика изразено проевропски, потоа исклучително проруски, а народот мрда со уште. За жал, така е“, оцени хрватскиот претседател.

Додаде дека тоа е тема на која инаку се расправа на самитите во Брисел, но дека тоа нема да се случи на самитот на НАТО.

„За тоа сигурно нема да се расправа на самитот на НАТО бидејќи таму и така зборува кој што сака, а одлуките се носат многу пред тоа или паралелно од самитот. Никој нас ништо не нè прашува“, кажа Милановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ