сабота, 27 јули 2024

Милановиќ по одлуката на Уставниот суд: Реките на правдата доаѓаат

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ се огласи со кратка порака на социјалните мрежи откако претходно денес Уставниот суд утврди дека тој не може да биде кандидат на претстојните парламентарни избори додека е на функцијата претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Реките на правдата доаѓаат“, напиша Милановиќ на Фејсбук, цитирајќи го насловот на песната на загрепската рок-група Филм, од средината на осумдесеттите години, а во која следниот стих гласи: „Реките на правдата ќе се излеат, низ целата земја на пролет“.

Тој вчера кажа дека нема да поднесе оставка на местото претседател на Хрватска без оглед на одлуката на Уставниот суд и дека ќе остане кандидат за премиер на Социјалдемократската партија и ако не биде на партиската листа.

„На овие избори ќе учествувам како кандидат за премиер и ќе победам. Ако уставните судии го извршат налогот на кукавицата (премиерот Андреј) Пленковиќ, како што послушно ги извршуваа сите негови налози во последните години, па ме спречат да бидам кандидат на листата во првата изборна единица во која и тој се кандидира, листата на нашата коалиција сеедно ќе победи“, кажа Милановиќ.

Одлуката на претседателот Милановиќ, поранешниот претседател на СДП, да учествува на парламентарните избори на листата на СДП и да биде кандидат на таа партија за премиер предизвика големо изненадување во земјата, но и полемика дали пред кандидатурата треба да поднесе оставка.

Милановиќ денес уставните судии ги натече неписмени гангстери, а нивната одлука дека не може да биде кандидат на парламентарните избори – уставен пуч.

„Со такви луѓе имаме работи. Апелирам до своите колеги, пријатели и до хрватскиот народ и граѓаните, бидејќи тие на крајот ќе ја пресудат оваа уставна криза, која е уставен пуч, со такви луѓе не може поинаку. Значи, тоа мора да се реши на избори“, кажа Милановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ