сабота, 27 април 2024

Милановиќ: Нема да поднесам оставка, го бранам галското село како Астерикс

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека нема да поднесе оставка на функцијата на која што е и тоа е, како што истакна, негова конечна одлука.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По парламентарните избори најави формирање мнозинство во, како што кажа, некој вид „санитарен кордон против штетниците кои ја снајдоа Хрватска во последните седум и пол години“.

„Јас го бранам галското село како Астерикс. Немам апетит како Обеликс, но го бранам галското село. Ги бранев институциите за време на целиот мандат, граѓаните на тоа реагираа добро, според сите некакви емпириски показатели“, кажа Милановиќ за Н1 телевизија.

Кога станува збор за потезите кои би ги повлекло парламентарното мнозинство со него на чело, Милановиќ го истакна прашањето на пензиите за кои наведе дека паднале, ако се гледа уделот на просечната пензија во однос на просечната плата.

„Се случува пропаѓање на земјата. Ќе направиме сè за пензиите да бидат 50 отсто од просечната плата“, наведе и најави длабинска анализа на финансирањето медиуми од државниот буџет, бесплатното лекување во приватните клиники за пациентите со дополнително здравствено осигурување, како и даноци за банките кои имаат огромни профити.

Објаснувајќи го поимот „Трета Република“, Милановиќ кажа дека тоа се однесува на нови решенија за уставниот суд кои ќе бидат „мирни и итри“. Истакна дека таа нема да биде воспоставена со револуција, туку со измени на уставот.

Критикувајќи ја владата на Андреј Пленковиќ, Милановиќ кажа дека „беспоговорно ги слуша сите одлуки на Европската комисија“.

„Пленковиќ нè доведува во ситуација да сме мали потрчковци, да немаме свој став. Јас не ги сакам оние што се стално против нешто, но во некои ситуации мораш да кажеш не може“, оцени Милановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ