сабота, 27 јули 2024

Милановиќ ги отфрли шпекулациите дека утре ќе поднесе оставка

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ги отфрли денес шпекулациите дека во петок ќе поднесе оставка на таа функција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„До парламентарните избори има една недела, кажав сè што имав за тоа, би било многу неодговорно и неинтелигентно, бидејќи имам работа со луѓе кои се криминогени. Од каде ви е идејата дека ќе дадам оставка?“, им одговори Милановиќ на новинарите во Загреб на прашањето за тврдењето на министерот за море и сообраќај Олег Бутковиќ од Хрватската демократска заедница (ХДЗ) дека утре ќе поднесе оставка.

Милановиќ праша дали „треба да му се верува на еден лажго“ кој го негира постоењето на пораките на Јосипа Римац, поранешна функционерка на ХДЗ обвинета за корупција.

Во смс-пораки од пред неколку години, кои деновиве ги објавија медиумите, има лобирање на Јосипа Римац кај Бутковиќ да се вработи син на нејзина пријателка.

„Му верувате на човекот кој вели дека не се сеќава на пораките и дека не се од телефонот на Јосипа Римац? Не знам што повеќе би кажал“, кажа Милановиќ и повтори дека треба да се зборува за гасната афера во која се „здиплени над 120 милиони евра“ поради кои ги прозва премиерот и претседател на ХДЗ Андреј Пленковиќ и поранешниот министер Томислав Ќориќ, исто од ХДЗ.

За оставка на Милановиќ се шпекулира откако неодамна неочекувано објави дека ќе биде кандидат за премиер на својата поранешна партија, опозициската Социјалдемократска партија (СДП). Иако најави дека ќе биде носител на листата на СДП, Милановиќ и партијата се откажаа од тоа, откако уставниот суд одлучи дека како претседател на државата не може да биде кандидат на изборите ниту истакнуван како кандидат за иден премиер.

Милановиќ повеќе пати истакна дека останува кандидат за премиер и дека нема да поднесе оставка на местото претседател за да не му ја препушти цела власт на ХДЗ која, како што кажа, веќе ја презема контролата над војската и тајните служби. Најави дека тоа ќе го направи по изборите, односно кога ќе добие поддршка од 76 пратеници за составување влада.

Најави формирање влада на национален спас и ги повика сите партии да се обединат против ХДЗ, а граѓаните да гласаат за која било партија освен ХДЗ, која ја обвини за корупција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ