сабота, 21 декември 2024

Милановиќ: Тоа што толку долго се затворени навивачите на Динамо во Грција е политичка фарса

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека треба да се причека и да се види за што точно хрватските навивачи ќе бидат обвинети, пренесува Хина.

„Не можат без правна основа да ги држат лишени од слобода, бидејќи тоа е еден од темелите на европското континентално право. Тие таму ги собраа сите хрватски навивачи и ги бутнаа во затвор“, истакна Милановиќ.

Додаде дека тоа го гледа како „масовна одмазда кон една етнички обоена група“.

„Како што веќе кажав, во рок од пет дена треба да се одвои житото од плевелот, потоа оние кои се виновни да се осудат, а останатите да се пуштат дома со некаква прекршочна казна“, кажа хрватскиот претседател.

Истакна дека тоа е „политичка фарса“ во која хрватската влада мора да создаде впечаток дека направила сè што евентуално може, но „дека не може многу“.

Милановиќ претходно кажа дека хрватските навивачи се третирани како воени заробеници и дека кон нив се врши колективна казна.

„Тогаш нека ги третираат според правилата на военото право, па ние ќе собереме сто Грци и ќе ги размениме луѓето“, порача хрватскиот претседател.

По хулиганските немири во Атина и судирот на навивачите на Динамо и АЕК во кои на 7 август смртно настрада навивач на атинскиот клуб, во грчките затвори се затворени 102 хрватски државјани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ