сабота, 27 јули 2024

Милановиќ: Се противам на идејата за федерална држава, за Брисел кој би ги заменил Белград, Будимпешта, Виена

Објавено на

часот

Сподели

Тој, на конференција посветена на десетгодишнината на членството на Хрватска во ЕУ, кажа дека првата деценија на членството не ја смета ни за успех ни за неуспех.

Како што пренесува Хина, Милановиќ кажа дека лично ќе се бори против тоа Унијата да стане федерација.

„Се противам на секаква идеја за федерална држава, за Брисел кој би го заменил Белград, или Будимпешта, Виена. Тоа не го сакам. Не сакам повторно да имаме некаков центар на моќ“, додаде Милановиќ.

Тој кажа дека Хрватска долго чекала да стане членка на ЕУ, но не така долго како државите од Западниот Балкан, додавајќи дека тоа е „некаков облик на злоставување и неодговорност“ кон тие земји.

„ЕУ пати, што тешко се лекува, од хроничен недостиг од демократија и одговорност“, истакна Милановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ