сабота, 27 јули 2024

Милановиќ: Меѓу „За дом спремни“ и „Слава на Украина“ нема разлика, не сакам тоа да го слушам во Хрватска

Објавено на

часот

Сподели

„Меѓу „За дом спремни“ и „Слава на Украина“ нема разлика. Тоа е извик на најрадикалните шовинисти на западна Украина кои работеле со нацистите и убиле илјадници Евреи, Полјаци… Тоа не сакам да го слушам во Хрватска. Тоа што некои лидери се навлекоа на тоа, не ме интересира. Нека смислат поинаков поздрав. Нека ги тргнат и Русија и Украина. Киев е далеку, Москва уште подалеку“, кажа Милановиќ.

За користењето на поздравот „За дом спремни“ во Хрватска, тој кажа: „Својата поента ја кажав во повеќе наврати. Не можам тоа да го правам во недоглед. Тоа ни штети. Комеморацијата во Блајбург – ако тоа на некои во Хрватска нешто им значи, ако таму настрадал некој драг, невин, постојат многу начини за комеморација. Тоа е понижувачко за Хрватска“.

„За неколку дена ќе биде годишнината од битката на Сутјеска, во која загинале стотици Далматинци. За мене тоа е антифашизам“, кажа хрватскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ