сабота, 27 јули 2024

Милановиќ: Изјавите на Брнабиќ немаат тежина, Вучиќ е сопственик на Србија

Објавено на

часот

Сподели

„Нема да коментиран, нејзините изјави немаат тежина“, одговори Милановиќ во Загреб на прашањето за изјавата на српската премиерка дека Хрватска е етнички најчистата земја во Европа.

Тој оцени дека политиката на Белград е пред сè „штетна за Србија“, а дека Хрватска тоа „ќе го преживее, ќе го истресе како првут“.

Според него, Вучиќ бил приморан да бира меѓу Русија и Западот и морал целосно да го смени политичкиот курс, а дека сега „купува време“.

„Не ѝ воведоа санкции на Русија, но сè друго направија… Сега треба да се најде некоја противтежа, а каде е послатко од односите со Хрватска“, додаде Милановиќ коментирајќи ги српските обвиненија за акцијата Олуја.

Милановиќ оцени дека „Вучиќ е сопственик на Србија“ и дека „таму прави што сака“, оценувајќи дека тој тип демократија во Србија не е европска демократија.

Тој истакна и дека „Србија никој не ја напаѓа“ иако власта во Белград постојано се жали на тоа.

„Тие да купат три пати повеќе оружје, пак се безопасни, бидејќи Хрватска е во НАТО. Србија не е закана за Хрватска додека Хрватска е во НАТО“, истакна Милановиќ.

Околу делумното ембарго за увоз на нафта од Русија, Милановиќ одговори дека европските санкции не дејствуваат на таа земја и дека цената на санкциите ја плаќаат европските граѓани.

„(Рускиот претседател Владимир) Путин задоволно ќе се смешка, а тие нафта и гас ќе отидат на друго место бидејќи побарувачката е голема и купувачи има“, изјави Милановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ