сабота, 27 јули 2024

Милан загуби, но оди понатаму во Лига Европа (ВИДЕО)

Милан со победа од 3-0 отпатува на гостувањето кај Рен и јасно беше дека домаќините ќе имаат речиси невозможна мисија за да ја анулираат големата негатива, францускиот тим победи со 3-2.

Објавено на

часот

Сподели

Интересен меч одиграа Рен и Милан, беа постигнати пет голови, а на крајот домаќинот се радуваше на победа за престиж.

Со гол на Бурежу во 11. минута, Рен поведе со 1-0, во тој момент домаќините се понадеваа дека можат и до чудо, но во 22. минута Јовиќ реализираше и изедначи на 1-1.

По девет минути игра во вториот дел Бурежу даде уште еден гол, му донесе водство на Рен од 2-1, но само три минути подоцна Леао постигна гол за 2-2.

Бурежу во 68. минута реализираше хет-трик откако погоди и од пенал. Мечот заврши 3-2. Милан со вкупни 5-3 оди понатаму.

Место во осминафиналето обезбеди и Бенфика која одигра без голови на гостувањето кај Тулуз. Во Португалија победија со 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ