сабота, 18 мај 2024
Поранешен играч на Интер е нов фаворит за клупата на „росонерите“

Милан во Португалија ќе го бара новиот тренер, се издвојува едно име

Медиумите од Италија пренесуваат дека предводникот на Порто, Сержо Консеисао е нов кандидат за тренерското столче на Милан.

Објавено на

часот

Сподели

„Росонерите“ се во потрага на нов тренер, беа блиску до ангажман на Хулен Лопетеги, но навивачите се побунија и извршија притисок, па клубот од Сан Сиро мораше да се откаже.

Последните информации велат декана листата со желби на Гери Кардинале и Златан Ибрахимовиќ сега има три имиња, интересно, сите се од Португалија, а како главен фаворит се посочува Сержо Консеисао.

Стратегот неодамна стави потпис на нов договор до 2028 година, но лесно може да ја прекине соработката, Порто во меѓувреме доби ново раководство и претседателот Андре Вилаш Боаш има други планови.

Како што пренесува Скај Италија, Сержо Консеисао има предност пред другите кандидати бидејќи добро го познава Калчото и зборува италијански, играше неколку сезони во Серија А во дресот на Лацио, Парма и лутиот градски ривал Интер.

Што се однесува до другите две имиња, се работи за Рубен Аморим од Спортинг и Паоло Фонсека од Лил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ