Милан не планира да се расфрла со пари на трансфер пазарот, затоа Паоло Малдини и Рики Масара добија откази, новиот сопственик Гери Кардинале со помош на „манибол“ алгоритамот ќе го гради тимот.
Како што пренесуваат медиумите од Италија, со новата метода веќе е идентификувана замената на Брахим Диаз, кој се врати во Реал Мадрид.
Лазар Самарџиќ од Удинезе е идеално засилување, Србинот ќе биде цел број 1 за да се надополни отсуството на Шпанецот во офанзивниот дел од средниот ред.