Серџо Консеисао има фантастичен почеток на тренерската кариера во Милан, во своите први два меча ги победи Јувентус и Интер и дојде до трофеј.
Натпреварот го отвори Лаутаро Мартинез кој постигна гол во самиот финиш од првото полувреме за водство на Интер од 1-0.
По две минути игра во вториот дел Тареми постигна гол и ја зголеми предноста на нероазурите на 2-0.
Но, Милан брзо се врати во игра. Во 52. минута Ернандез од слободен удар постигна одличен гол и намали на 2-1.
Течеше 80. минута кога Пулишиќ погоди, овојпат Ернандез беше асистент, Милан го изедначи резултатот на 2-2.
Во 93. минута Рафаел Леао асистираше до Абрахам кој постигна лесен гол за комплетен пресврт и победа на Милан од 3-2.