сабота, 27 јули 2024
ВТОРО НОВО ИМЕ НА САН СИРО ОВОЈ МЕСЕЦ

Милан се засилува со син на поранешен соиграч на Пиоли

Голем број на извори од Италија пренесуваат дека Милан постигнал договор за ангажамн на Филипо Терачано од Верона, за услугите на младиот дефанзивец ќе бидат платени 4,5 милиони евра, плус 1 милион во бонуси.

Објавено на

часот

Сподели

На Сан Сиро пристигнува второ засилување овој месец, Милан ќе потпише со 20 годишниот Филипо Терачано.

Се работи за дефанзивец, кој може да одигра неколку улоги, односно може да покрие како лев бек но и во централниот дел на одбраната.

Како што пренесуваат медиумите од Италија, Милан на Верона ќе и плати околу 4,5 милиони евра, плус 1 милион во бонуси.

Интересно е тоа што Филипо е син на поранешниот фудбалер Антонио Терачано, кој има играно покрај сегашниот тренер на Милан, Стефано Пиоли. Двајцата биле соиграчи две сезони токму во дресот на Верона во периодот од 1987 до 1989.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ