Антонио Конте би можел да се врати во Милано, но овојпат да го води другиот гигат од тој град.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Милан веќе одлучил да му врачи отказ на Пиоли после празниците и веќе е во потрага по нов тренер.
Изборот паднал на Конте но нејасно е дали двете страни ќе се договорат. Италијанскиот стратег сигурно ќе бара висока плата, но и соодветни засилувања со кој може да биде конкурентен за трофеи.
Доколку не успее да се договори со Конте, многу поевтина е опцијата за која исто така се размислува, тоа е Игнасио Абате кој има импресивни резултати со тимот на Милан до 19 години.