Пауло Фонсека по натпреварот против Црвена звезда порача дека не е задоволен од однесувањето на фудбалерите и се закани дека ќе игра со младинци.
Стратегот остана доследен на зборот, па Алекс Хименез доби шанса пред Тео Ернандез, а дебитираше и 17 годишниот Матија Либерали.
Останува да се види дали ова ќе „разбуди“ ѕвездите на Милан, но експериментот не донесе ништо вечерва против Џенова.
„Росонерите“ одиграа само 0-0, креираа премалку и најблиску до гол беа кога Мората ја затресе пречката.
Навивачите сигурно ќе бидат разочарани, особено што денеска славеа 125 години од основањето на клубот, и очекуваа целиот спектакл да биде зачинет со победа и три бода.