сабота, 27 јули 2024

Милан победи во Фиренца и се зацврсти на второто место (ВИДЕО)

Милан со 2-1 славеше на гостувањето кај Фиорентина и сега има шест бода повеќе од Јувентус на табелата во Серија А.

Објавено на

часот

Сподели

Росонерите се зацврстија на втората позиција на табелата откако Јувентус денеска загуби, а тие победија на тешкото гостување кај Фиорентина.

Мечот имаше бурен почеток на второто полувреме кога беа постигнати сите три гола.

По две минути игра во вториот дел Лофтус Чик погоди за Милан за водство од 1-0, но само три минути подоцна Данкан изедначи на 1-1.

Сепак во 53. минута Леао постигна гол за победа на Милан од 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ