сабота, 27 јули 2024
Серија А

Милан по речиси 10 години го победи Наполи на Сан Сиро, Тео Ернандез му пресуди на шампионот (ВИДЕО)

Милан конечно го победи Наполи во Серија А на домашен терен, „росонерите“ вечерва славеа со 1-0  со голот на Тео Ернандез.

Објавено на

часот

Сподели

Наполи славеше на последните три гостувања на Сан Сиро во Серија А, но Милан конечно стави крај на постот и за прв пат по декември 2014, славеше на домашен терен против „наполитанците“ во лигашките пресметки.

Тео Ернандез му пресуди на шампиониот, левиот бек одлично се уфрли, доби прецизна топка од Леао и ја затресе мрежата за 1-0 во 25. минута,

Избраниците на Пиоли потоа имаа неколку прилики предвреме да го решат победникот, но откако не ги искористија, мечот влезе во драматична завршница.

Симиќ во обид да расчисти едно додавање за малку ќе го матираше Мењан, но стативата го спаси Милан. Наполи потоа бараше пенал за играње со рака, но ВАР реши дека нема доволно елементи за најстрога казна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ