Големи три бода за Јувентус од Сан Сиро, на Милан му пресуди играчот кој потекнува токму од нивната школа и кој во сениорскиот фудбал дебитираше во дресот на росонерите.
Клучниот момент се случи на пет минути пред крајот на првото полувреме кога Тиау заработи црвен картон, Милан остана со фудбалер помалку.
Предноста од играч повеќе Јувентус ја искористи во 63. минута кога Локатели го постигна голот.
Големи емоции имаше кај овој фудбалер поради неговото минато со Милан, по последниот судиски свиреж не можеше да ги сопре солзите.