Сержо Консеисао на секој начин се обидува да го извади Милан од криза, последните информации велат дека тренерот не бил задоволен од фитнесот на неколку фудбалери, односно смета дека тие имаат проблем со килограмите.
Како што пренесува Ла Република, неколку фудбалери имале повеќе од 90 килограми, па биле ставени на строг режим на исхрана.
Особено на пик бил ставен голманот Мајк Мењон, кој не бил доволно агилен и не бил доволно брз во реакциите помеѓу стативите поради тоа што имал вишок килограми.
Португалецот сака што побрзо да се надминат овие проблеми, па внимателно ја следи диетата, секој ден играчите одат на мерење и се бележи прогресот и ефектот на диетата.
И не само тоа, тренерскиот персонал на Сержо Консеисао ги мониторираат параметрите од сонот и спиењето на фудбалерите, за кои сметаат дека се надвор од стандардите на еден професионален спортист.