сабота, 27 јули 2024
Започнува нова авантура

Милан го потврди враќањето на Ибрахимовиќ, ова ќе биде новата улога на Швеѓанецот

Златан Ибрахимовиќ се враќа во Милан, поранешниот напаѓач ќе има улога на постар советник на сопствениците на клубот и менаџментот.

Објавено на

часот

Сподели

Пристигна официјална потврда за она што се најавуваше со месеци, Златан Ибрахимовиќ се враќа во Милан.

И покрај тоа што утрово се појавија сензационални шпекулации според кој Швеѓанецот требаше да го наследи Стефано Пиоли на клупата, популарниот Ибра ќе добие сосема друга улога.

Швеѓанецот ќе биде оперативец при инвестиционото портфoлијo во Спорт, Медиуми и Забава на РедБрд Капитол Партнерс, а како дел од оваа функција, ќе има улога на постар советник на сопствениците на Милан и менаџментот.

„Екстремно сум благодарен што можам да им се придружам на РедБрд и Милан, и да ги извршувам овие важни и влијателни улоги. РедБрд има соработка со едни од најголемите спортисти, тимови и бизнис ликови во светот со цел да креираат бизнис со значење и влијание“ – вели Златан Ибрахимовиќ.

„Мојата љубов кон „росонерите“ никогаш нема да умре, и можноста да бидам дел од иднината, и тоа на значеан начин, е нешто за кое можев само да сонувам. Му благодарам на Гери што ми укажа ваква шанса. Се восхитувам на посветеноста, пасијата и напорната работа која РедБрд и менаџментот ја покажа по купувањето на клубот“.

„Ова не е одлука која ја донесов лесно, долго и напорно размислував за моите први чекори по крајот на кариерата, па не можам да бидам посреќен од тоа што патувањето го почнувам како член на РедБрд и Милан“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ