Кајл Вокер е првото засилување за Сержо Консеисао, десниот бек денеска го ко комплетираше трансферот на Сан Сиро.
„Милан е задоволен што може да потврди дека го ангажираше Кајл Вокер на позајмица со опција за перманентен трансфер“ – гласеше известувањето на „росонерите“.
За својата авантура во Милано, десниот бек рече: „Абрахам ми кажа дека морам да се преселам тука, ми помогна во одлуката. Навивачите се неверојатни, кога слушам како пеат, нивната поддршка значи многу и ќе бидат голем поттик до крајот на сезоната“.
Кајл Вокер се реши за дресот со бројот 32: „Го одбрав овој број во чест на Дејвид Бекам, тој е икона во нашата земја“.