сабота, 19 октомври 2024
Прво засилување за новата сезона

Милан го потврди трансферот на Лофтус Чик од Челси

Објавено на

часот

Сподели

Рубен Лофтус Чик е нов фудбалер на Милан, клубот од Сан Сиро попладнево официјално го потврди трансферот.

„Милан е среќен што може да го соопшти трансферот на Рубен Лофтус Чик од Челси. Играчот стави потпис на договор со трајност до 30. јуни 2027“ – гласеше известувањето.

Медиумите од Италија пренесуваат дека се работи за зделка вредна околу 21,5 милиони евра, односно фиксен дел од околу 16 милиони евра, плус бонуси од 5,5 милиони евра.

Рубен Лофтус Чик ќе заработува околу 4 милиони евра во Милано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ