четврток, 2 јануари 2025

Милан го потврди Консеисао но со едно изненадување

Милан и официјално го потврди ангажманот на Сержо Консеисао, но со едно изненадување, стратегот доби договор до јуни 2026 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Росонерите“ за брзо време ја потврдија тренерската рокада, откако утрово беше потврден отказот на Пауло Фонсека, попладнево пристигна информација и за новиот предводник на првиот тим.

„Милан може да соопшти дека му укажа доверба на Сержо Консеисао да седне на тренерското столче на првиот тим на договор до 30. јуни 2026 година. Сакаме да му посакаме топло добредојде, и да му посакаме многу успех“ – гласи соопштението.

Единствено изненадување е тоа што Сержо Консеисао доби договор до 30. јуни 2026 а не до крајот на оваа сезона како што претходно се најавуваше.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ