сабота, 27 јули 2024
Серија А

Милан го понижи Наполи на негов терен и му даде предупредување пред дуелите од ЛШ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Наполи има сезона од соништата, доминира во Серија А, и одлично гази во Лигата на шампионите, па никој не очекуваше дека можат да бидат понижени од Милан на свој терен, но токму тоа се случи.

Милан дојде до голем триумф со стил и освои три многу важни бода со кои се качи на третото место на табелата.

Леао постигна два гола, еден во првото и еден во второто полувреме. Еднаш беше стрелец Диаз, а гол постигна и Салемакерс.

Елиф Елмас во игра влезе во 68. минута од натпреварот.

Ова беше предупредување за Наполи пред дуелите од четвртфиналето во Лигата на шампионите кои ги игра токму со Милан. Наполитанците важеа за сериозни фаворити, но после овој натпревар работите не се веќе такви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ