сабота, 27 јули 2024

Милан го освои Скудетото, 19. титула во Серија А за росонерите

Објавено на

часот

Сподели

Последното коло во Серија А не понуди некоја драма, а за тоа беше заслужен Милан кој брзо и лесно покажа дека нема да киксне на гостувањето кај Сасуоло.
 
Леао направи хет-трик во асистенции, првите две беа за Жиру, а третата за Кеси. Конечните 3-0 беа поставени до 36. минута, а остатокот од мечот беше чиста формалност.
 
Ова е 19. Скудетото за Милан, прво за Стефано Пиоли.
 
Интер со 3-0 ја победи Сампдорија. Еднаш погоди Перишиќ, двапато Кореа во второто полувреме, но овој триумф не значеше многу. Тие ја завршија сезоната на второто место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ