„Росонерите“ се во криза, вечерва претрпеа нов пораз, загубија дома од Удинезе, кој немаше победа во воведните 10 кола од Серија А.
Клучниот момент се случи во 64. минута, Переира погоди од белата точка за 0-1, откако Адли со несмасен старт направи пенал.
Избраниците на Пиоли потоа силно притиснаа, се обидоа да се изборат за бод, во финишот имаа неколку добри шанси, но не успеаја да ја затресат мрежата на гостите.