сабота, 19 октомври 2024

Милан брзо ја олади Барселона, единствен начн за ангажман на Рафаел Леао е клаузулата од 175 милиони

Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан нема намера да го продаде Рафаел Леао на 10 дена пред крајот на преодниот рок, па единствен начин за Барселона да го купи Португалецот е да ја активира откупната клаузула од 175 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Медиумите од Шпанија вчера објавија дека Барселона сака да реализира трансфер бомба и да го ангажира Рафаел Леао од Милан.

Сепак, „росонерите“ брзо ги оладија „каталонците“ и како што пренесува Газета дело Спорт, клубот од Сан Сиро не помислува да го продаде Португалецот на 10 дена пред крајот на преодниот рок.

Единствен начин за Барселона да го купи Рафаел Леао е активирање на откупната клаузула која е поставена на 175 милиони евра.

Барселона во овој момент не може да си дозволи ниту половина од оваа сума.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ