сабота, 27 јули 2024

Мијалков во четврток излегува од затвор, за него предметот Империја е завршен

Сашо Мијалков во четврток излегува од затвор, одлучи Апелацискиот суд. Отпустот е условен, се однесува на пресудатата за случајот Империја на Специјалното јавно обвинителство, односно, доколку до 25 април 2025 година не стори кривично дело.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија денеска од Апелациониот суд Скопје, ова решение е по жалбата на Мијалков на одлуката на Основен Кривичен суд Скопје, донесено на нејавна седница одржана на 14 мај годинава.

„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КР-84/24, на нејавна седница на ден 14.05.2024 година, донесе решение со кое ја уважи жалбата на осудениот С.М. од С. и решението на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи така што осудениот се отпушта на ден 23.05.2024 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст -25.04.2025 година, да не стори ново кривично дело“, стои во соопштението од Апелација.

Жалбата на Мијалков е на решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое Судот донесе одлука за условен отпуст на поранешниот шеф на УБК со која тој требаше да излезе од КПД Струга на 25 декември годинава, а условниот отпуст му се смета до 25 април 2025 година.

Мијалков казната ја издржува казна во затворот во Струга, а му беше изречена со спогодба откако тој реши да признание вина. Осуден беше на три години затвор и исплата на пари за сторена штета на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ