четврток, 26 декември 2024

Мијалков на крајот од годинава излегува од затворот во Струга

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков на крајот на годинава ќе биде слободен човек откако Основниот кривичен суд Скопје денеска соопшти дека го уважил предлогот на директорот на струшкот затвор, а согласно напатствијата на Апелацискиот суд Скопје.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на Директорот на Казнено-поправниот дом (КПД) Струга за условен отпуст на осудениот С.М., по одржана јавна седница, прибавена и разгледана целосна документација согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го Уважи предлогот на Директорот на казнено поправната установа“, информмираа од Основниот кривичен суд Скопје.

Согласно решението, осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година.

„Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, информмираа од Основниот кривичен суд Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ