сабота, 27 јули 2024

Михаел Рот се повлекува од политиката: Решен сум и бескрајно благодарен (ВИДЕО)

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг Михаел Рот денеска соопшти дека по 27 години се повлекува од политиката.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Рот на социјалната мрежа Икс објави дека е решен да го стори тоа и им е благодарен на своите гласачи.

„После 27 години и многу големи задачи во Бундестагот, сојузната влада и СПД, политиката за мене ќе биде завршена по следните сојузни избори. Луѓето во мојата изборна единица директно ме бираа во парламентот седум пати. Решен сум и бескрајно благодарен“, истакна Рот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ