сабота, 27 јули 2024

Миграцијата не запира, од 20 кумановски училишта се испишале 131 ученик

Во вкупно 20 основни и средни училишта од Куманово, второто полугодие од учебната година не го продолжиле 131 ученик  бидејќи се отпишале, покажуваат податоците на секторот за образование на општина Куманово.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„Според податоците, во четирите средни училишта во учебната 2023/24 година се запишале 3596, а испишани се вкупно 29 ученици, додека во основните училишта бројката е поголема и од вкупно запишани 9296, испишани се 102 ученици. Овие податоци укажуваат на фактот дека трендот на иселување продолжува и во текот на учебната 2023/24 година“, посочуваат од секторот за образование на општина Куманово во денешната информација до медиумите.

Поголем дел од информациите кои доаѓаат од училиштата е дека учениците со семејствата заминуваат кон западноевропските земји, значително помал процент се отселени во други општини.

Според податоците од последниот попис, Куманово е најголема општина во државата со вкупно население од 98.104 жители.

„Процесот на миграција не запира. Иако Куманово е најголема општина во државата според број на население, со 20 училишта и е со најголем број ученици, сепак не го одминува бранот на отселување особено кон западноевропските земји“, изјави претходно раководителот на секторот, Александар Јовановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ