сабота, 27 јули 2024

Миг што трае – 79 години од основањето на Македонскиот народен театар

Во историјата на Македонскиот народен театар, денешниот датум – 31 јануари е мошне значаен ден. Во тогашната 1945 година, со Решението на Президиумот на АСНОМ (бр. 581/45), се заокружи правниот карактер на постоењето на театарот, создаден во текот на војната и револуцијата. 

Објавено на

часот

Сподели

„Се заокружи она што го започнаа првите драматурзи и учители, патувачките театри и театрите на другите јазици. Потоа продолжи со желбата и силните напори на веќе афирмираните македонски театарски дејци кои активно се занимаваа со театар и во текот на Втората светска војна и веднаш по ослободувањето на Скопје.

Со ова заокружување се оствари сонот на сите групи актери и уметници во тоа време, како и на културно-уметничката група ‘Кочо Рацин’ (составена од идните актери, режисери и сценографи на МНТ).

Се оствари сонот за национален македонски професионален театар предводен од тогаш поставениот директор – режисерот Димитар Ќостаров и секретарот -драматург Илија Милчин (набрзо примен и како актер), сонот на десетина веднаш примени актери, двајца сценографи и дваесетина сценски и административни работници.

Тоа е и сонот на 80 000 жители на град Скопје кои со среќа ја примија оваа вест преку весниците и со озарени лица ја чекаа првата премиера на нивниот/нашиот театар“, соопшти Националната установа Македонски народен театар .

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ