сабота, 27 јули 2024

Миг-21 на индиските воздухопловни сили се урна врз куќа. Три лица загинаа

Објавено на

часот

Сподели

„Авионот падна врз куќа во Бахлол Нагар во областа Ханумангарх и тоа, за жал, предизвика загуба на три животи“, се вели во соопштението. Пилотот безбедно се катапултирал и се здобил со полесни повреди, соопштија од воздухопловните сили, додавајќи дека е започната истрага за несреќата.

Индија планира да ја приземји целата своја флота борбени авиони од советска ера до 2025 година, објавија локалните медиуми минатата година. МиГ-21, кој индиските медиуми го нарекоа „летечки ковчег“, беше клучен борбен авион во земјата од неговото претставување во 1963 година, но во последниве години трпи чести дефекти што довело до несреќи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ