MIELE е основана во 1899 година во Германија, како семејна компанија која од своето основање, па до денес, има само еден императив; Да биде најдоверлив и најпосакуван премиум бренд во светот. Оваа деловна филозофија се отсликува во секој нивен производ, преку стандардот за издржливост, перформансите, енергетска ефикасност и дизајнот.
Основачите Карл Миеле и Рајнхард Зинкан својот водечки принцит „Immer Besser“ или „Засекогаш подобро“ го втиснале и во своите први уреди, но е принцип кој го карактеризира MIELE до ден-денес.
Една од клучните карактеристики на сите Miele апарати, е тоа што се тестирани да траат до 20 години, што најдобро ја покажува бескомпромисната посветеност на квалитетот. Пред да го напушти производствениот погон, апсолутно секој произведен дел, а не само случаен примерок, поминува низ бројни анализи и тестови.Најголем дел од своите апарати и резервни делови Miele ги произведува во Германија што е особено важно за производите кои бараат врвен квалитет.
Од неодамна оваа фасцинантна технологија и премиум производи може да се најдат и во Нептун, кој е овластен дистрибутер на Miele. Она по што ќе ги препознаете Miele апаратите се чисти линии, безвремена елеганција, внимателно координирани линии и опции за бои, за да одговараат на широк спектар на дизајни на кујнскиот мебел. Што се однесува до изработката, Miele и тука останува доследен на својот основен принцип; Апаратите и уредите ги отсликува богатството на иновативни функции, прецизност и големо внимание посветено на деталите.
Секој од производите на Miele е креиран според највисоките стандарди и подлежи на строги контроли на квалитетот, што одново укажува на посветеноста и пристапот дека ништо не е поважно од тоа долго време да уживате во својот Miele производ.
Дополнително, за гарантираната долговечност, грижа за производите и сервис, овластен е Сервис Македонија.
Проверете ги Miele производите и ќе се уверите во она што значи „Засекогаш подобро“ или ветувањето на Miele дека ќе направи сѐ што може за секогаш да биде подобар од конкуренцијата и стремеж да биде уште подобар од претходно. Тоа за купувачите значи само едно; Спокојство и уверување дека Miele несомнено е најдобрата одлука, можеби и одлука за цел живот.
Комерцијален текст