сабота, 28 декември 2024

Мицотакис вели дека мора да се најде решение меѓу Бугарија и Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Мицотакис објасни дека за еден месец ќе се одржи дебатата за идното членство на Молдавија и Украина во Европската Унија, потенцираше дека дискусијата „нема да биде лесна, бидејќи веќе чувствуваме дека има различни ставови во Европскиот совет”, но и дека го очекуваат мислењето на Европската комисија.

Додаде дека „ако навистина постои свет пред и по 24 февруари, ова мора да биде земено предвид кога размислуваме во однос на тоа колку сакаме да бидеме отворени за да им понудиме кандидатски статус на овие земји.

„Од друга страна, не смееме да го заборавиме Западен Балкан. Ова е тема што длабоко не допира. Треба да бидеме сигурни дека нема да испратиме сигнал дека редот е попречен. И првиот приоритет што го имаме во овој поглед е да обезбедиме решение на отвореното прашање меѓу Бугарија и Северна Македонија, за да можеме, како Европска Унија, да ги започнеме релевантните преговори со Северна Македонија и Албанија“, рече Мицотакис.

Тој посочи дека мора да се препозна уникатноста на она што се случи во Украина, но без да се заборави фактот дека има и други земји во овој процес. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ