сабота, 27 јули 2024

Мицотакис предложи распуштање на парламентот и распишување избори

Објавено на

часот

Сподели

„Имам задоволство да ви ја доставам препораката на кабинетот за распуштање на собранието и распишување на републичките избори на 21 мај, односно за четири недели. Така налагаат релевантните членови од Уставот, но владата практично го исцрпи својот мандат“, изјави Мицотакис.

Тој ги окарактеризира изборите како „голема прослава на демократијата“ и посака „да има плодно соочување на аргументите за граѓаните трезвено да оценат кој треба да управува со државата во следните четири години“.

Мицотакис изрази надеж дека, како што рече, предизборниот период ќе стане отскочна даска за максимално можно учество на граѓаните во големиот демократски процес.

Претседателката Сакеларопулу посака предизборниот период да биде мирен и плоден за доброто на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ