Од кабинетот на грчката претседателка соопштија дека Мицотакис стапил во контакт со Сакеларопулу и ја информирал дека го враќа мандат.
Па така утре претпладне, претседателката ќе го прими лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, за да му го додели вториот мандат, согласно одредбите од грчкиот Уставот.
Мицотакис кога го прими мандатот од Сакеларопулу рече дека „во суштина не постои никаков услов за формирање влада од конкретниот Парламент“ и истакна дека на земјата ѝ е потребна „силна и стабилна влада со четиригодишна перспектива“, а паралелно оствари и телефонски разговори со претседателите на партиите кои обезбедија влез во Парламентот и ги информирал за намерата на Владата да се забрзаат процедурите за новите избори да бидат на 25 јуни.
Нова демократија победи на вчерашните парламентарни избори, но поради пропорционалниот изборен модел што не предвидува бонус пратеници за првата партија, не е во можност да формира еднопартиска Влада, па затоа земјата ќе оди на втори избори.