петок, 26 јули 2024
Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски не очекува нарушен изборен процес, верува дека ДУИ и СДСМ ќе се реформираат со чесни луѓе

„ДУИ и СДСМ се криминална коалиција иако се декларира како европска. Нив ги спојуваат криминални интереси, но верувам дека на изборите жестоко ќе бидат поразени, а потоа посакувам да се реформираат со некорумпирани и стручни луѓе“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред почетокот на конференцијата во организација на Паневропската унија на Македонија. Тој не очекува изборниот процес да биде нарушен.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија во изминатите години имаше такви предизвици какви што немаше ниеден народ, да се стави вето за влез во ЕУ поради атак со уцена врз неговиот идентитет и име, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонскиот народ е единствен во Европа кој и покрај отстапките во име на европските вредности, сепак се наоѓа уште во ходникот на ЕУ“, додаде Мицкоски.

Тој оцени дека ДУИ и СДСМ се криминална коалиција иако се декларира како европска.

„Нив ги спојуваат криминални интереси, но верувам дека на изборите жестоко ќе бидат поразени, а потоа посакувам да се реформираат со некорумпирани и стручни луѓе. Нека направат сега изборна коалиција, доколку сакаат, тоа ќе биде добро за да бидат поразени“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски не очекува манипулации со таков интензитет кои би го нарушиле изборниот процес, имајќи предвид, како што рече, дека законите се јасни.

„Талат Џафери досега направи доста неуставни чекори и одлуки, па верувам дека кога судството ќе се ослободи, тоа да биде и законски оценето. Песимистички став е дека не може да биде полошо. Оптимист сум и верувам дека ќе биде подобро“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека ќе биде потребна и медиумска поддршка за да се расчисти криминалот во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ